XXII Југот започна да ја најавува својата сила од кај езерото; дотогаш тоа со денови мирно - започна наеднаш да се прекрива со бранови кои нараснуваа и како чудовишта се нафрлуваа на помалите бранови голтајќи ги; во тоа јурење, излетуваа и на брегот и продолжуваа и понатаму да заплиснуваат, но завршуваа кобно удирајќи во карпите; грозен им беше урликот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во затворот, потонат во малаксаноста на врелата тишина, во спарените ќелии започнаа наеднаш да се подигнуваат бодри гласови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)