Со тоа започнале и акциите на партизаните во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Има да си ја свршиш онаа твоја задача што си ја започнал и не си ја завршил и поради тоа падна во очај.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тие сакаа прво да го завршам факултетот кој што го имав започнато и мислеа дека не треба сега да ја пропуштам таа ретка прилика која што ми беше дадена, за што сепак беа во право.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како резултат на тоа започнало и испраќањето на британска помош: оружје, муниција и друг воен материјал на четниците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)