започнува (гл.) - нов (прид.)

Меѓу Палестинците и Израелците започнува нова серија преговори за воспоставување на автономијата во Рамалах, дел од Јордан и Газа, од кои ќе бидат евакуирани Израелците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така во паркот на Белата куќа, во присуство на Бил Клинтон, пред стотина поканети, Јасер Арафат се ракува со премиерот на Израел Ицак Рабин, човек повеќе на воена отколку на дипломатска кариера, за разлика од Шимон Перез.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Затоа е разбирливо значењето на пронаоѓањето на консонантно-силабичкиот систем на писмо, со што започнува нова етапа во развитокот на писмото и се подготвува почвата за формирање на квалитативно нов систем на писмо, алфабетот. 88 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старосемитскиот систем на писмо е далеку поекономичен во споредба со спомнатите системи и дозволува со релативно мал број на графички симболи, кој приближно е соодветен со бројот на консонантните фонеми на старосемитскиот јазик, адекватно да се изрази фонетската слика на јазикот по графички пат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дека започнува ново поглавје во нашите животи…, дека мора да најдеме сила…, спомените за еден прекрасен човек да ни помогнат да продолжиме понатаму…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)