До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Затоа јас мислев свадбата да биде побрзо, но стариот остана на своето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги затвори очите и ја почувствува нежната кожа и свежата полнота на неговите усни врз своите и едно смирување кое ѝ ги запре солзите, но предизвика и наплив на страст што ја тера да му ја префрли раката преку вратот и да ги стисне усните посилно до неговите, како толку силно да чувствува дека се создадени еден за друг што ѝ се чини дека, онака меѓусебно предадени, со усните што не сакаат да се одвојат, во свежата ноќ дишат заедно давајќи си еден на друг здив и нежност без која веќе не ќе можат да издржат, ни таа, ни тој. И навистина, што јас сум врзала човек не одвоил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Марија, преправајќи се дека спие, не можеше да ги запре солзите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Леме, - рече исто така пријателски, како малечко кученце ме погали по косата, ми ги запре солзите што сами ми дојдоа на очи, рече:-Леме. брату мој!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)