Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ќе препукнев. Како можев, после сѐ што ми направи, да го засакам уште повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)