Но ќе осамне денот - го засилува гласот - Денот на нашата одмазда! Храбро ќе ги дигнеме нашите чела!
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие двајцата постојано нешто се расправаат, се спречкуваат, па знаат и толку многу да ги засилат гласовите, што се добива впечаток дека малку недостига па да се степаат.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се растревожил, па наместо да го засили гласот, ја променил станицата и потоа не можел повторно да ја најде.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)