Несвесно се сврте од автобуската станица и заскита во лавиринтот на Лондон, најнапред кон југ, потоа кон исток, потоа кон север, талкајќи низ непознатите улици и не грижејќи се во кој правец оди.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сум заскитала во животот, што се вели, и сум се загубила во него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Кој е тој гроб?“ „Светот...“ „Како така?“ „Така... светот е од сите гробови - најголем гроб; кој заскитал во него - тој го знае...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
За да наѕирнеш во вистината, и на зборувањето како и на водата треба да му го најдеш изворот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таква е судбината на се што ќе заскита во виорот на времето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сепак, изгледа постојат и такви генијалци кои никогаш не заскитуваат во сенката на сомнението.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За нив се е можно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сомнението што се роди во мене во врска со однесувањето на човекон од приказната кого го повикувал гласот на жена му ме поттикна да напоменам дека несреќникот веројатно заскитал во оној напореден свет воден од прилично сериозен привид?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инаку како да се објасни и самата помисла да се излезе низ отворен прозорец и тоа од трети кат?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оној кој талка по исушеното корито кон изворот Препуштен на огнените дождови на сонцето Ги познава искушенијата на црвот Кој тргнал во потрага по ветениот плод А заскитал во конаците на жалната врба.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Погледот сам му заскита во спротивното огледало, каде што го ослепуваше белата планина; се загледа некаде низ отворот на тунелот во вителот, надвор од прозорските окна, кон планината.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Особено кога ќе заскитаме во просторот на несаканите недоразбирања.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)