Градите почнаа рамномерно да му се креваат и спуштаат, и тој заспа со длабок, здрав сон.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Лисицата се пикна во ќошот од пештерата и навистина заспа со длабок сон.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така почна тоа со Ина и со циркусот. А јас вечерта заспав со мирен сон, како што не сум спиел откако ја сретнав Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Легнаа да спијат сите заедно, во една соба; Наташа долго не можеше да се смири, но потоа, измачена, заспа со цврст детски сон.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Едноставно чекаше, трудејќи се да не мисли на било што.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Влегов во собата кај дедо ми. Тој веќе беше заспал со дневниот весник паднат врз градите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бошко заспа со чувство на болка.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Како и да е, во ноќта за која зборуваме Ѓошо Савев заспал со прекрасното разбирање за „пепругата - душа“ што претпочита да лета поттикнувајќи ја во размислите претставата за единствениот цвет во природата кој може да си го менува местото и положбата и да се лулее во воздухот без помош на ветерот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нора вели дека заспива со светло, во врева, меѓу итните извештаи од сестра ѝ полусоблечена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со три и три наизменично, малата, лагуна, живна; Одисеј, ракави, одмори.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)