Порано секоја вечер, без исклучок, ми раскажуваше различни приказни, нејзини, измислени, а сега сè поретко, оти наместо нив имаме други интересни теми за разговор.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ова заспивање не е вистинско, како што мајките ги заспиваат малите бебиња, туку е наш заеднички ритуал секоја вечер, кој изгледа вака: јас ќе легнам, мајка ми малку подоцна ќе влезе во собата, ќе седне на мојот кревет, а понекогаш, кога има повеќе време или кога е порасположена, и ќе прилегне, па ќе си разговараме нешто и таа ќе ме гали по грпчето, по косата и по рацете, а многу често и ќе ми раскажува приказна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)