Застана покрај елката. Подарок немаше.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Чекоревме со Филип рака под рака. Застанавме покрај продавачот што продаваше печени коштени. Ги подстопливме рацете на огинчето.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Брат ми го држеше своето кученце во рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие тројцата беа застанати покрај отворениот прозорец на нивното купѐ, ние четирите стоевме на перонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А снегот си паѓа. И гледаш војници, застанале покрај некој камен, крај некој шип и се греат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Војникот се врати во стројот, овој што дојде застана покрај командирчето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)