Застана спроти човекот без брада, а потоа, на знак на офицерот, застрашувачки замавна со сета сила право во устата на човекот без брада.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Станувај“, рече О'Брајан. „Дојди ваму.“ Винстон застана спроти него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Каква работа? Нели сите работи заедно ги вршиме?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Денеска сум зафатен со многу важна работа.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Едните во бели, другите во сини дресови истрчаа на игралиштето, застанаа спроти и сложно се поздравија: - Здраво! Здраво! Здраво!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Поетот застанат спроти македонскиот јазик како да се наоѓа пред неосвоивата тврдина во времето: кога ќе си помисли дека ги отворил нејзините порти – се покажале други, трети...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нашол една калуѓерска шапка и една долга реса; зел едни црни броеници подолзи од него, та отишол в црква кај амбарот, што збираа црковната пченица и застанал спроти дупките, од кај што излегуваа многу глувци и ватил да се крсти и метании да чинит и да 'и тргат броениците зрно по зрно и да викат што да викат што да можи и не можи: - Господи, помилуј! Господи, помилуј! Господи, помилуј!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дојде, конечно, стигна мојата светица, светна моето помрачено сонце, застана спроти мене и со глас позајмен од риданијата на Рахела, ме прекорува: А каде си ти да дојдеш да си ја видиш мајка?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)