Дивокозите се спремаа да застанат токму на таа негова вршка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој знаеше дека секогаш застануваат, знаеше дека тие нивни врвици така го пречекуваат денот, но ниеднаш не помисли дека ќе застанат токму тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби затоа не сфати веднаш, дека некој млад човек на мотор беше застанал токму пред неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Го гледам високото сонце, застанато токму над ковчегот на мајка ми која се труска во колата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Раката на коларот што го донесе сандакот како да не ја држи уздата туку поткренатата муцка на коњот додека го влече по угорницата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Луѓето одминуваа нагоре-надолу и многумина фрлаа поглед кон човекот во сина облека што беше понесно дисциплинирано застанат токму под таблата со која беше означена автобуската станица.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Застани токму до оној камен, слушна? - Не сум глув.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Луѓето одминуваа нагоре-надолу и многумина фрлаа поглед кон човекот во сина облека којшто беше понесно дисциплинирано застанат токму под таблата со која беше означена автобуската станица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ах, поткровјето е темно, пријателско место, преполно со Времето, и ако застанеш токму во неговото средиште, мирен и исправен, со втренчен поглед, мислејќи и замислувајќи, насетувајќи го Минатото, исправајќи ги рацете пред себе за да ја почувствуваш Дамнешнината, тогаш зошто не...
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)