Ако прифатиме дека портокалот во кој уживавме утрово не е оној портокал во кој уживавме претходното утро и, понатаму, дека по природа на нештата, човек не може со бакнеж да се прости од портокалите во коишто уживал туку само од споменот на нив олицетворен во портокалот што го љуби и во кој допрва треба да ужива, освен во смисла на една носталгична антиципација (или во носталгија tout court ако на човекот веќе не му е дозволено да ужива во она од што се простил), можеби сепак може да се застапува ставот дека допуштањето на еден портокал да ги претставува сите значи да се занемарат не само чарлс и чикита портокалите, така да кажеме, туку и распознатливите задоволства на подвидот јафа наспроти мандарините, флориди, калифорнии и другите.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)