затвори (гл.) - прозорец (имн.)

Мирисот што се креваше од чанчето беше толку силен и возбудлив, што го затворија прозорецот, за да не го почувствува некој однадвор па да стане љубопитен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Облечена во бело, како во прошетка низ библијата, Едно утро таа забележа: Затворени прозорците на дуќанот, Изгорени хризантемите во нејзината саксија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги затвори прозорците на работилницата да не знае што време е надвор, која е доба, и работеше на свеќи и газјени ламби.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Густав секогаш ги хранеше,” и се насмевна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара го затвори прозорецот, и рече: „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
6. „Сите нормални луѓе се нормални на ист начин, секој луд човек е луд на свој начин,“ повтори Клара, останувајќи покрај затворениот прозорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„За птиците,” рече, па го затвори прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако тивко го затвори прозорецот, Мајка невидено се искраде од собата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Притоа не го затворија прозорецот и не го спуштија пердето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)