„А на луѓето“, продолжи божем добронамерно, „не можеш да им ја затнеш устата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На таквите треба да им се затнат устите!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Гнаса... - пламна наеднаш Арсо. Глигур му ја затна устата со дланката.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувајќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
— ,На жените само со бакнеж можеш да им ја затнеш устата", ми рече еднаш Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Му ја затна устата на Зисо Делевски, што се вели, му ја фати раката да не фрла кал по мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Нема ама”, ѝ ја затна устата Боге со долг бакнеж, од кој девојчето изгуби здив и заборави што сакало да каже - каков приговор да изнесе, како да се спротистави.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Спиј кога веќе не си доволно буден - заповеда пред да ме бакне.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ајде, искарај ме - ѝ реков - ако чувствуваш потреба да го сториш тоа, а за возврат ќе ти раскажам сѐ за жената од скалите, за писменцата што ти ги... - но Катерина ми ја затна устата со својата топла дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако беше поинаку, чедо мое, ќе си ја затнев устата, ќе си го преапев јазикот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Седеше на прозорецот и ја гледаше вечерта како полека ја освојува улицата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А жената, липајќи, почна жедно да го пие сјајниот зрак, јурна накај прозорецот и силно ја затна устата со шамичето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)