Очите, широко отворени, се полнат со исчекување, а под црниот фустан затупкува срцето - мајчински, ненаситно, раскинато. кутро, скршено, окрвавено, огнено, загрижено, нежно, болежливо, доверливо, загорчено, болно, рането, натажено, ожалостено, растревожено и преполнето со исчекување - кај секоја поинаку и поинаку.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На зајдисонце Крстовица не излезе на џадето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој загриза усни за да го задржи липањето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На Мартина, уште кога тргна кон нив, му затупка срцето, но беше премногу горделив за да се откаже да оди накај нив.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Си ја разврза шамијата и полека почна да си ја расплетува долгата и дебела плетенка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)