Кризата се беше продлабочила, па криза плус криза, може да се создаде голема криза, таква која што епидемија зафаќа сѐ поголем број на семејства.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Пукнатините на куќата зафатија сѐ повеќе да се шират и секој момент се закануваше опасност куќата да се урне.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)