„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ами знаеш ли дека Сефедин и мудурот во Витолишта најмногу пиштат од тоа село?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со своите секојдневни извештаи тие допринеле центрите на СОЕ во Каиро и Лондон со внимание да ги следат воените и политичките настани во Македонија, да ја насочуваат активноста на членовите на мисиите за прибирање на потребните воени и политички информации за да можат правовремено да дејствуваат кај командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел да ги заштитат своите интереси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Недостигот на поголеми воени сили ги принудиле Германците да ја применат познатата тактика на поврзување со реакционерните сили, носители и организатори на борбата против НОВ и ПО.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во новонастанатата состојба, нацистичка Германија ги вложила сите свои сили за да ги заштити своите интереси во Западна Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
За таа цел биле ангажирани најдобрите познавачи на историјата на Македонија и Југославија, кои требало да го дефинираат британскиот став во однос на настаните на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во една таква ситуација, британската дипломатија ги активирала сите свои тогашни дипломатски сили со цел да ги заштити своите витални интереси на Балканот наспроти советските.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И навистина така беше. Мариовците се готвеа да ја заштитат својата вера и својата слобода.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но, овие обиди завршуваат безуспешно – по што кризата на ова претпријатие се продлабочува, а со тоа и агонијата на тамошните вработени чијашто егзистенција, нивна и на членовите на нивните потесни семејства кои ги издржуваат, е доведена во прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, откако Кукулев увидува дека работите не се движат во посакуваната насока кон нивно подобрување и ситуацијата станува прилично усложнета и алармантна – се решава, директно, по судски пат да си ги заштити своите работнички права, без да се обрати до Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)