зајде (гл.) - сонце (имн.)

Тоа, навистина, поради шумата, поради доловите и усоите, снегот во Потковицата подолго се задржува, и многу подоцна зајужува, но тоа само пролетта ја прави подолга, поубава и поцветна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поради тоа и поради што е отворена спрема север, најзините жители имаат лажен впечаток дека кај нив порано изгрева и подоцна зајдува сонцето, но и дека поради студените северни ветришта, е многу, многу постудено од, на пример, во Тополчани и Тројкристи, кои лежат на надворешните, јужните, односно југозападните падини на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навечер, штом ќе зајде сонцето ( а тоа во Трново малку порано се сокрива зад високите ридишта што опкружуваат) и ќе се запалат првите светилки, во бучавоста на Јантра се создава една визија, дека на дофат на раката се испружил некој град, град кој, чиниш плива во воздухот на некој волшебен килим, град од приказните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од „Сен Жермен де Пре“ не се далеку „Шатле“ и оние париски кејови кои најмногу оживуваат во првите вечерни часови, штом ќе зајде сонцето, и штом ќе залади времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не дозволувај да станеме оние што сто пати пред да зајде сонцето си кажале те сакам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога ќе зајде сонцето и месечината, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога ќе зајде сонцето, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од таквите другари изгледа најдолго ќе го паметам Грофот од УДБА, оној кој и сега штом ќе зајде сонцето го нагрнува црниот кожен капут.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А кога почнува кај вас? - Штом ќе зајде сонцето. - Тука сме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зад Морава зајде сонцето и мракот се исполни со липање.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред свечерување, може имаше едно два остени за да зајде сонцето зад планината, излеговме горе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И не сака да зајде сонцето, не може да се наигра и да се нагрее во трапјето, во браздите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, на сѐ ја подучувам Уља: зошто не чини да ги заборави пелените надвор, а ѝ ги зајде сонцето, и како млекото да го варди од ветроштини и надворештини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)