Човек кој остава ваков коњ и вакво чупале, рече, сигурно не е ајдутин, сигурно е некој чуен трговец кој навистина мислел да го врати Бошета ваш, и сам да се врати по коњов и чупалето, но може пореди снегов и студов го згрешиле патот па сега двајцата заедно лежат удавени или замрзнати, јали во некој дол јали во некој вир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Оди низ наметот, зашто во мракот и виулицата можеме да го згрешиме патот... - рече Циљка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Предводникот го згреши патот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Си го згрешила патот! - Но, соседе, како, како можам да згрешам.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Мислам дека сум го згрешил патот, дека кон друго село одам. Чинам пооди, пооди и запри.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се сретнале на тесно, помеѓу плитарски ѕид и стара кола, која затворала добар дел од уличката -Кара-Демир на патерици, Констстин со пес на јаже кој му помагал да не го згреши патот од куќата до крчмата и назад. Застанале.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Знаев дека БС нема да ме сфати. Затоа и толку пребирав по зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А јас чувствував: одам под рака со добрата намера но по згрешен пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)