згрчи (гл.) - лице (имн.)

Туку застанат одстрана, гледа како му се згрчува лицето, а тој со тоа нема ништо, нешто поодредено што во некоја смисла би го ослободило од сомневањето дека тој е токму овде под таа кожа а не некаде во околината на грчот рамнодушно посматрајќи ги илјадниците нови и непознати лица кои извираат од совршено набраната кожа,искривени облици на се што досега видел.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Отпрвин ја виде негде далеку, потоа го згрчи лицето во страв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повремено некој од нив ќе свикаше: „Леле, еве ја!“ за веднаш потоа да го згрчи лицето и да рече: „Отиде!“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отпрвин ја виде негде далеку, потоа го згрчи лицето в страв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Кој вели тоа? го згрчи лицето дојдениот; тој така се смееше. - Кој вели?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но мајка ми плачливо го згрчува лицето. готова е да стркала солзи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- А еден ден само го згрчи лицето: - Отсега, деца, само компири ќе јадеме.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но мајка ми плачливо го згрчува лицето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Не, - му рекоа, - се удави... Тој го згрчи лицето, се собра како гром да го удрил и заплака: - Ах, ах, останав без него...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа го згрчи лицето. - Варварин! - му свика и почна да плаче.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Богуле го згрчи лицето. Го жегна нешто во срцето, во душата. Немаше мир.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)