- Кај ви се рацете? Земете ги пушките, секирите, вилите и удрете на тираните! - заврши Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Така, доцна во ноќта заврши состанокот на Месниот комитет во Битола.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
А невољите продолжуваа, половина град го гонеше поради долгови, со жените го правеше истото, земи ги - разведи ги и се надевам дека кога-тогаш клетвите ќе го стигнат.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кога читам, вака, сегашноста е како книга со познати приказни“, шумно го затвора Моше весникот и ја подзајакнува светлината од газијарката: „Зошто блиските стануваат најголеми непријатели? Еве, земи ги нашите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Жално мое девојче, земи ги за утеха, зашто никогаш веќе нема да бидеш толку убава колку што си сега, ти ќе треба да одиш кај другите, другите имаат за тебе само обични зборови. само /ас имам за тебе песна, но и во песната не можам да го кажам твоето име, треба да го кријам со други имиња, а без него е песната сиротна.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Земете ги импресионистите Еден убав ден тие го собраа својот прибор и тргнаа да сликаат надвор. Гледаа како се руча на трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Земи ги париве. Но тие не се од платата. Ти знаеш кога ни ја даваат. Ова се други пари. Награда за преведените сиџили. Ќе ги објавуваат.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Земете ги на пример емигрантските држави (континенти) како Америка или Австралија, Јузна Африка итн., и покрај сите обиди на владеачките олигархии и нивниот политичко- социјален инженеринг (масонерија), вие сѐ уште имате страотни општествени дисбаланси - расизам, гетоизација, национални лобија...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Совет: ако и покрај сѐ сте решиле да пробате, земете ги предвид советите за крвниот притисок. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 123
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Она што го дефинира машкиот геј-субјективитет е неговото обратување на сексуалните улоги, неговото меѓуобродување, неговата превртена, трансродова психологија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А токму такво чувство можеби машката геј-култура им предизвикува и на многумина геј-мажи, како и на многумина стрејт-луѓе, кои учествуваат во таа култура. (Значи Фелоус не греши сосема кога машките геј-практики ги толкува како женствени.) Но тоа не мора да покажува дека геј-мажите спаѓаат во трет или меѓупоставен пол, дека имаат различна биологија или психологија од стрејт-мажите, ниту дека имаат некоја посебна, суштинска, архетипска природа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па, тогаш, разбирливо е што машките геј-културни практики – кои за мажите промовираат и шират нестандардни начини на суштествување и чувствување, кои прекодираат парчиња од главнотековната хетеросексуална култура со дисидентски или со нетипични родови значења и кои ги подучуваат другите на тој општествено девијантен и опозициски етос – велам, навистина е разбирливо што таквите практики може да направат да изгледа дека геј-мажите имаат својства и одлики што општо земено ги имаат девојките и жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во таквите дејности спаѓаат историското конзерваторство, старинарството, реставрацијата на архитектурата, внатрешното уредување, модата и стилот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во општествен и симболичен систем во кој родовите разлики систематски се поларизираат, дихотомизираат и се претвораат во бинарни спротивности, секој гест што укажува на одбивање на конвенционалната мажественост сигурно ќе се чита како женствен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И точка.
Дека геј-мажите имаат „својства и одлики што општо земено ги поседуваат девојките и жените“ е и заклучокот што го изведува Вил Фелоус од сопствената студија на културните практики на геј-мажите.331 Конкретно, согледува дека „геј-мажите се видливо и мошне надарено застапени“, дури и „изгледа несразмерно застапени“ во многу „полиња во кои преовладуваат жените, а кои имаат врска со создавањето, обновувањето и одржувањето на убавината, редот и континуитетот“ (x) – поконкретно, во оние дејности чија цел е да се конзервираат материјалните култури од минатото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите овие културни облици или жанрови во нашиот свет потесно се поврзуваат со женственоста отколку со мажественоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај своите машки тела, геј-мажите ги имаат душите, природата, вкусовите, ставовите, чувствата и субјективноста на жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“Добро, тогаш тоа нека биде сѐ до еден.* Дотогаш земете ги камионите од возниот парк и тргнете.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
- А и двоколките не ви чинат. Ѕидовите на нив ќе пречат да се товарат и да се истовараат камењата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ги пребројувал своите луѓе. - Земете ги чеканите и лостовите. Ќе почнеме.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Штом поштарот повика ајде Еле вјасај земи ги даровите за роденден стасај.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ама за ѕверот - мечката или рисот... Земи ги пилињава шумски.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Земете ги сите нив и заколете ги пред мои очи, јас ќе стојам и ќе гледам. Само не во собата 101!“ „Соба 101“, рече офицерот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ѓаволот е во неа – и рече и однесе уште толку подароци. – Земи ги, мори будала, земи ги; ќе ти се најдат на стари години да не служиш некаде вака како мене, – и повторуваше секој ден Ајша, но Анѓа веќе не и обрнуваше никакво внимание.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од тебе сакам да ја кандисаш, а за тоа ќе добиеш голем бакшиш, – рече и и фрли цело ќесе аспри. – На, земи ги овие пари и прати му ги на татка ти, нека си купи што му треба за децата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога ќе узрее од онаа страна пак ќе пристигнат дождовите и земјата ќе не замоли да ѝ ги отстапиме. Земи ги, ќе речеме, земи ги, и дождовите се твои и плеќите наши ќе бидат твои па утре на помеко ќе си ги оставиме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
– „Ете јас бев, мајко, што ги зедов, ѝ рекол, ја качи се, бре Смиле, на куќа кај што стоев јас, побарај во сламата, ќе ги најдеш, земи ги вамо да ги видат за да поверуваат“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Коста ги фрли ролните под нозете на Кузе, велејќи му: - Земи ги овие и брзо залепи ги, ковај ги, беси ги по ѕидовите. Викни и други. Тргнувај!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го памтеше Јован, како не го памтеше. Другари од детството...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Земи ги.. - му ги пикаше Дачо в рака.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Другари мои, пријатели, земете ги како едно, земете ги жедно, дали нешто вредат ќе покаже време.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Земи ги за твојот син и ќерка... ќе им се најдат...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Еве, земи ги, - ѝ ги подадов.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но, добил нова телеграма од Солун. „Шурков пропадна, земи ги назад парите“ 101.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)