земе (гл.) - го (зам.)

- А Стојан, брат ми, мал е, што ке правиме со него? –одговори со прашање таа. - Земи го со тебе! - Дали ке го сакаат таму?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Добро, така ти велам и јас, само така, земи го! –Трајанка се согласи да остане сама со домазетот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Многу стока и жито се собраа од селото, некои од луѓето се разбегаа по удолните кории во шумата...го однесоа и Јанета, тригодишното синче на соседите... како јаничар: - Еве едно убаво мало! - викаше главниот. - Земете го!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Земи го писмово и однеси му го да видиш што ќе рече — му го подаде Дорев писмото и го испрати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ти, Андоне, — му се обрна на Андона, земи го детето со тебе и скоривајте и бравите. Ајде, времето врви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земи го и барутот и куршумите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од една страна бомбардираше со реклами за морал, а од друга ги финансираше младите зарѓани штрафери да пеат треторазредни стихови со благоретардирана бучкуруш содржина од типот на „Спушти се доле земи го горе” и „Биди зелен и изролај еден”.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мајката се сети. Бргу го слука прстенот од едниот прст и, фаќајќи ја стројничката за рака благо ѝ рече: - Земи го, сестро...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Земи го Божине... Фрли го таму сред буките...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Земи го ова стапче, разбуричкај низ тревата, размавтај и сѐ што е живинче: змија, гуштер, глушец, оса, еж, - сѐ ќе избега. Потоа јагодите се твои.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А Бојан, ако сака, земи го.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оди таму, зад плевните, земи го!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Твое е синко, земи го. - рече мајка му. - Го симнав од покривот на шупата, каде што го фрли ти!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Главина го донесе кучето и рече: „Еве ви го! Земете го и убијте го...! Ебете си мајката“, ни вели.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Еве, земете го од синџирот и правете му што ќе му правите“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Данчо, земи го предметот што падна под клупата и донеси го! - со ист, тврд, метален глас, заповеда учителот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
МИТРЕ: Кој, Панде? Хе, за кирајџија е роден! Митрејце, на земи го, фрли го таму пагурчево и дај да покаснеме пак да излеземе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Тоа јас ќе го слезам. Ти земи го големиот...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За илустрација земете го изучувањето на класичните и новите јазици и кореспонденцијата на комитетот или распределувањето на четите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Старчето го погледнало со очи на желка фатена во примка и со насилство задржана глава вон од оклопот. - Ми донесе ли печени компирчиња, Доце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Самиот си си должник. Побарај го крадецот и земи го она што е твое, ако е твое.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас сум му под рака. Да легнам ли, војводо?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој што не умее да чува пушка, не заслужува ни да ја има“, рече Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Земи го и Дмитар-Пејко. - Не ќе можам. Еден човек со четири коли - тешко е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ако ти се скрши ластегарката земи го стапов. Дренов е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А јас на бесрамницава ѝ говорам - земи го, има компир, има злато, ќе нѐ чува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А Пецо Даневски? - Не ќе ми тежи. Еден или двајца - сеедно е.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИЛИЈА: (ѝ дава клуч). Еве ти го клучот од куќата моја, земи го, кај тебе нека стои. Куќата моја — твоја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На, земи го да не си со голи раце-да имаш со што да се браниш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Ти кажав „ти земи го Никола, а јас ќе го земам Илија и ќе си живееме заедно.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Земи го, вели, сето ова што го имам, Арсо тоа не го сака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа му рекол на Бошета ти, Боше, земи ја секирата и скриј се зад врата; ко ќе отворам јас ако ти се стори нешто шубеливо, земи го со секирата по чело. Така и сториле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никој не знаел оти го имало момчето татка си дома: ни комшија, нито пак пријатели за да му се шегуаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тука наредил да се подигне логор...
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа биле синовите на дедо Васил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ако н¯ истепате сите земете го!# И оставиле го саато пак, не го земале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете од тоа, бре чедо, неќум овде да ме остааш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Остај, остај, не земај го џигеро - му рекла чорбаџијицата на сиромајио - ја земи го еден час кошево со ѓубрето да го исфрлиш на буниште, да после земи си го џигеро.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Земи го, рекол првиот, ждребево е твое, Капидан му е името, а вториот стоел, бил исправена надгробна црна плоча.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По се: Дрвото во тиркизно син сад е кај мене. Земи го, рече Стариот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пријателе, рече, драг мој Кристапоре, земи го ова јапонско дрво старо близу еден век и чувај го да те потсетува дека животот може да се одржува и да и се противставува на злокобатадури и со последното жилче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Земи го крстот, ти невернице! - го зедов, а таа се смири.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од нив беа помали за две глави.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ви пееме тивко мелодија медна: за грст дијамнти земете го веднаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
О, мили деца! Немаше друг спас, операција на самото место, земи го секирчето, Силјане Николовски, ми заповеда другарот Марко, ајде, што ме гледаш!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се чудеше - и злото имаше своја боја; лицата на браќата беа пепелавомодри. „Во собата на твојот сосед од број 6“ ,темно зашумоле тагата на Каин и Авел; се грчеа како да се чекаа да ги бичува. „Сте сонувале?“ Се заврте да не ги гледа. „Земете го другарот Климент Охридски за заштитник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Многу се познати. Прави ѕвезди! Филмо се вика „Maytime”. Ако дојди Битола, да не го пропуштиш! Земи го Атинчето со тебе.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
(...) Но, бидејќи не сум професионален ‘визионер’, сево ова земете го како метафора.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Командантот чудно свесен напиша на ливче хартија: „Земете го пиштолот таму каде што падна и нека ме замени некој друг“. Сакаше да го одврземе, но Бугаринот не дозволи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но бидејќи татко ми многу згреши, реши веќе да не ни се меша нам, на неговите деца, и на сите ни велеше: Тој што го сакате, тој земете го, ако сака и Ѓуптин нека е, само утре да не се жалите кај мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука за преврзување ми помогна Бугаринот. Јас му ги подавав завоите, а тој го преврзуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Земи го Молитвеников што ти го дадов и читај ги молитвите со длабока верба, но имај на ум - Господ им помага на оние што сами ќе си помогнат.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Земи го ибн Бајко, нека ти служи за недајбоже”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Земи го, нека ти донесе што душа ти сака“. И ѝ раскажа од каде го носи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Жена му на Мил викаше тресејќи се од лутина: - Господе, земи го што побргу...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Абре, ќе го земиш, токо земи го неоти парите су и дал за него — се теши Ричко: — Донесе попот петшестотини, па да ти оддела едно и тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На, лежи, земи го!.. . Ристе ја стегна раката. И му се сака, и му се нејќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Лежи, лежи, земи го, Ицо. Су зел со него, дваесет и едно, па најпосле и она е душа, се умори, стопанка му!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Сега имам право и јас нешто да барам од тебе. Земи го мантилот. Надвор е есен.“ ...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти сега плачи, ќе и рече, после појди во станот и земи го памучниот палјачо. Ќе ја заниша главата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Земи го коњчево. Во самарчето има писмо, прочитај го и одговори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тале викна: - Мајко, мајко! - Појди со Трајчета на фурна и земи го лебот. Многу сум гладен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Психотопонимите подвлекувај ги флуоресцентно и со паузи земи бриз од душата, вишокот од неа земи го, те молам клучот одложи го за полоши времиња. Развласти го.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Камерата ни овозможи да бидеме сведоци на неговата најинтимна насмевка или воздишка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Или земи го Томас Ман за пример, тој стартуваше навистина млад, мислам дека „Буденброкови“ ги напишал како дваесет и петгодишник, а и „Смртта во Венеција“, која, колку што се сеќавам, многу ја сакаш, и „Тонио Кригер“ се рани дела.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Земи го дикелот и појди на крајното лозје, кај карпата да покопаш. Ама убаво, подлабоко. Што, не ти се оди?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Земи го, Спиридоне, за твоите колчишта е арно, а јас треба ново да купам. (Наместува крагна и машна.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Е, така. На Арсен кажи му дека сум азар и сега кинисувам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТРИЕСЕТТА ПОЈАВА ТЕОДОС И КЕВА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Конечно, откако ги совладаа сите неволји, коњот му рече на принцот, “Сега земи го својот меч и пресечи ми го вратот”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден млад човек кој водеше сметка за својата позиција во општеството и кој се подготвуваше за женидба, ја натера својата идна жена да вети дека нема повеќе да се занимава со клептоманија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе пронајдеш во него метално топченце. Фрли го пред нас и ќе појдеме по него каде и да оди“. Принцот без двоумење направи што му беше речено и така, водени од случајот, тие пребродија многу опасни ситуации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас го отворив срцето, ти го подарувам земи го, отсекогаш ти припаѓало само тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те изгубив, но пак те најдов, сега сум спремна да те задржам засекогаш.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Поправете ја телефонската линија, а ти земи го мојот коњ - нареди Кикицас - и трчај наврат-наноц и пренеси му на командантот на 103 бригада веднаш да испрати еден баталјон на помош, да и го пресече патот на колоната камиони и да ја уништи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оди, земи го... Носи го...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Лефтеро! - Вика комесарот - земи го ова чудо и стрелај го во трапот. Поплати го со земја за да не смрди. - Не може... Штета за куршумот. - вели Лефтера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Земи го целото, ми вели тој.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Џипот кашла и свири, а јас чинам остави го детето и пак земи го в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земи го фустанот, ми вели Наталија, и да не го земеш ќе останеш без гаќи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)