А кога завесата се крена и глумците излегоа, па секој од нив зема кој жичен, а кој дувачки инструмент (а најчесто и едно и друго едноподруго), па до сто и едно се изнасвиреа, изнапеаја и изнаиграа...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Со можностите за копирање на компјутерски сочувани информации, би требало да биде можно симултано да се постои во многу облици.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Патем корнеа колје, претрчуваа до дома да земат кој вила кој пушка, жените ги грабнаа анџарите од готварниците, децата се наоружаа со бодежи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Со сѐ помалите физички ограничувања (преку можеби неизбежните економски ограничувања), човек би можел да си земе која било посакувана форма.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Потоа ја турна тепсијата на средината од масата поканувајќи ги полковниците да си земе кој какво сака месо.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)