По свршувањето на неговиот реферат, зеде збор младото „попче" и откако им ги пренесе пораките и благословот од дедото владика, почна да дава совети и предлози, што треба да направат селаните за нивното добро и просветување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако се поздравија, сите седнаа. Прв зеде збор Пере Тошев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Гоце стана, го поднамести појасот (во кој се наоѓаше неговиот револвер и камата) и почна да зборува: - Драги браќа!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Потоа истата зеде збор и насекирано расправаше за социјалните слоеви и сиромаштијата во државата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Всушност, тие се натпреваруваа кој ќе земе збор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Треба да бидеме под страшна присила за ова да го означиме како „разговор“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Најпосле, општо се смета дека разговорите вклучуваат двајца или повеќе луѓе кои наизменично земаат збор и кога секој мора да чека прилично долго време за да дојде на ред.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Затоа имаше повеќе причини А.А. да земе збор пред И.И., застанат пред муслиманското пано на музејот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога стивна џагорот О.О. зеде збор.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Професорот Фред се проѕевна и пред да стаса да ја покрие устата со дланка, професорот Едгар, дотогаш зафатен со пребројувањето на своите прсти, пред нос му го зеде зборот: „Особено се интересни ноктите!
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како по обичај прв зеде збор Влатко, дежурен лижигаз во секретаријатот и поранешен активен член на гардата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Зеде збор Захаријадис. — Ние не бевме доволно будни, вели, и не можевме да претпоставиме дека непријателот ќе се регрутира и од нашите редови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Како да си ми ги зел зборовите од уста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таму ќе сретнете два Исуса, како стојат распнати на крст, еден покрај друг. DD ЕВ: Ох, навистина. DD ПТ: Тој ми даде објаснување, дека е грев да се стават два Исуса во една слика. DD ЕВ: Ми ги зема зборовите од уста. DD ПТ: Сакате да бидете грешник? DD ЕВ: Да. DD ПТ: Во Америка, вие сте популарни исто колку и Чарлс Менсон.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тој за миг молкнуваше, чекаше некој друг да земе збор, а потоа пак започнуваше со своите непристојности.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А кога вулгарноста на Густав стана толку неиздржлива што пријателките на Берта се извинија што мора да заминат и бргу излегоа од салонот, Клара го прекина својот брат и рече: „Брат ми е во право кога вели дека сексуалноста е пат кон ослободување, но тој погрешно ги разбира и сексуалноста и слободата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите се смирија. Очекуваа Сретен Јаворов да земе збор.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)