Турците ни ја зедоа земјата и си ја разделија меѓу нив. Ние се примиривме со таа загуба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Титулата на цар Душан се објаснува вака: тој признава на Балканскиот Полуостров две словенски држави: Бугарија и Србија и една несловенска – Византија; Србија со завојувањето на византиски земји сака да ја наследи Византија, но со тоа зема земји што можат да бидат и српски и бугарски и коишто не се бугарски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Главниот принцип во владеењето на небото и земјата е дека тие се во договор: пленот, човекот кој тие го одгледуваат, да си го делат – рече старецот. – Човекот е нели составен од тело и душа: телото секогаш го зема земјата, а душата ја зема небото.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зел земја иловица и исплескал нешто како погача, ама големо и над небо ставил еден сач ко божем за небо... - Не како божем туку вистински.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)