И си зеде леб и сирење во сакулето, отиде долу Мелничка река „по риби“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Митрета му се бендиса одличниот план и длабоко се издиши, небарем товар симна од грбот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И таа е наредена — одговори спокојно Илија и му објасни на Митрета, дека тој им рече на трупарите и на мајсторот да и кажат на потерата дека дојде Толе Паша, зеде леб и фати нагоре орманот, а од нивна страна веднаш тргна Илија да стори абер в село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
15. Јован Сивев им советува на мудурот, Тошета, Данабаша и заптијата да не го кажуваат случајот нигде, да не се прават за резил.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Преседоа ден два, се допреа до Налевата бичкија во Магарева Падина од каде што зедоа леб, но разбраа дека никакви потери нема долу по овие села, та преку Рамнобор ја пресекоа Врткова Ливада и се прицнаа пак до дедот Паленѕа, кој си ги пасеше јаловињата по Тановиот Гроб, Папарливата Орница и Кучкин Камен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сепак го зедоа лебот и тука, пред нозете на својот млад стопан, почнаа да јадат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Колку да си појдат до домата, да си го соблечат празничното руво... да си земат леб и со леб - за по пат, мажите и момчињата тргнаа со царскиот гласник.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Вечерата продолжила. Кога јаделе Христос земал леб, го благословил, го прекршил, па парчињата им ги дал на учениците и им рекол: - Примете, јадете; тоа е моето тело.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Нѐ држат уплашени дека ќе ни го земат лебот, ќе ни го срушат домот, ќе ни ја скршат вилицата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога отиде да земе леб, јас ја грабнав чинијата со лутите пиперки и отидов кај другарка ми Цвета за да ја лекувам како што правеше баба ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)