Утредента надојдоа и партизани и албанските офицери им го земаа оружјето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Страва не минеше од нас. Од смртта исплашени тогај зедовме оружје в рака. Чувствувавме дека ни мрзнеше крвта..
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А што било?... Жените им го зеле оружјето на стражарите и дошле да ме спасат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите станаа и го зедоа оружјето во рацете.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Да ги повика да земат оружје в рака?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Приврзаници на Оската или пробугари, но кои би сакале една независна Македонија; оние кои не знаат што сакаат, но не ги сакаат Грците; оние кои биле присилени од Германците, со закани или со тепање да земат оружје; оние кои од Германците и Бугарите биле убедени со пропаганда да земат оружје и оние кои биле фанатични Бугари и сакале Македонија да биде вклучена во Бугарија или на федерална основа или без такво деферецирање.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Гита го испрашува гледајќи го во празните, сиви зеници, без и да отвори уста, го прашуваат очите на неговите сопствени деца, очите на луѓето што едвај ги среќава низ испразнетите гета, погледите на оние 43 илјади луѓе што заминаа со писокот и чадот на локомотивите и што ги нема веќе, а тој, ете, ги гледа секаде наоколу.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)