земе (гл.) - пушка (имн.)

Толе ја зеде пушката и ја бакна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Свеченоста се заврши со заедничкиот ручок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа уште тука почна: — Шо правите вие, бре кршоборци, по планината? — им се обрна на сите кога седнаа да ја кршат топлата ченкина погача и да тураат во паниците жолта вода, во која леташе по некоја граова шлупка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ај анасени, бре коџабаши! Јас оставив осум вчера, каде побегнал едниот? — му се обрна на коџабашијата и почнаа обајцата да се ѕверат низ смреките, затресени од страв да не им скокне сега тој што го нема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ги зедоа пушките на готово и се загнаа кон патот каде што лаеја пците. Не помина ни петдесет минути, по патчето откаде што дојде дедот Јован, се вратија војниците со еден селанец пред нив, кој си водеше маска со две торби и секира на самарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оди брате, и работи како што си работел досега за доброто на нашиот народ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште на одењето чаушот си ја зеде пушката на готовс.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде вака, бре комито, со торбите? — му се фрли онбашијата и нареди да се симнат и претресат торбите и самиот Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре каде, ефенди; (за рајата сите Турци беа ефендии) носа еден важен абер на муљазимот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А да му речиш: де земете пушките да го истераме Турчинот",'ќе ти а расцепат главата со балтиите, или ќе те предадат на Раиф ефендија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четата се построи, Толевите другари се одделија и застанаа на страна со Толета, a Петре ја зеде пушката откаде што ја остави Толе и отиде кај него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност тој веќе подолго време, од моментот кога ја зеде пушката в раце, го очекуваше вивнувањето на тоа пламенче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја зеде пушката, ја наметна преку врат, одбра еден подолг стап, па го помина поточето на она место, до дебелата бука, каде што снегот уште се црвенееше и ги чуваше трагите од онаа морничава, волча ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан убаво се облече, ја зеде пушката, од која веќе не се одвојуваше, и излезе во тремот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан ја зеде пушката и се огласи со два истрела. Попусто чекаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја земав пушката в раце и тргнав по трагата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ни ги зедоа пушките и од полигонот до местото каде не чекаа камионите пешачевме скоро цела ноќ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Не за тоа. Јас стасав до арамијата пред оној Борис Калпак, и сепак тој ја зеде пушката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој ти го рече тоа? - Самиот видов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Само, мака ми е... - Мачно е да се продолжи кон Лесново, знам, Полесно е да се пее: Црна земјо, штура земјо, зошто си се отворила ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му ја зеде пушката на заспаниов Борис Калпак и ја напика в слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги престегна добро своите обувала, ја зеде пушката, и застана на вратата, со она желба на секој пред тргнување да се прости со нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога го врати назад во собичката и кога виде дека ни сега не може да остане тука само со него, Змејко ја зеде пушката и просто истрча низ вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Долго го врзуваше опинокот; најпосле ја зеде пушката и не гледајќи во тој, во чии зеници ќе сретнеше страв и омраза, му ја стисна раката на воденичарот. - Прости.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Десно од мене беше Бошко, од моето село, ја сврте главата, не му беше мило, во вакви случаи често сум го правела истото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ѕирнав, жива душа немаше. Решив сама да си командувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му реков: Ајде Бошко, а тој ја зеде пушка и почна набрзина да се симнува надолу, јас по него. Куршумите летаа околу нас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Најпрво ги оставив торбите, а онаа со преврските ја наметнав на рамо, ја зедов пушката и ја прицврстив, но имав само три куршуми – дум–дум.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Всушност, селото било испразнето од жени и деца, само борците балисти останале во селото наоружани од Германците, излезени од топлите огништа и не им беше тешко да нè разбијат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Заменикот комесарот ми ја зеде пушката, се појавија некои нови борци и им ја даде ним.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И што? Германецот си отиде, Гркот воспостави власт и еве ти на затоа што од Италијанците и од Калчев си зел пушка. Соработник, значи, на окупаторот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И некои наши безмозговници, рекоа зошто да не. И зедоа пушки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во грмушките војниците им рекоа да ги земат пушките в раце. Налутено им рекоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш јас, пред да ја земам пушката, навратив во канцеларијата на бившиот директор другарот Едо Бранов...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)