Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Штом го исплатија кредитот за електричниот шпорет, зедоа друг - купија фрижидер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зел друга - и во неа црвец. Трета, четврта, петта - сите урми ги отворил, во сите имало црвец - сите ги исфрлил...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Месечната отплата им се зголеми - но не жалеа: фрижидерот беше навистина благодет...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Навистина, наместо Ревшин јас би зела друг гласник, помалку трафаретен.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога пиеш вода, крени ја стомната, остави ја - земи друга.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
ЕВТО: Не можете ли да земете други за оваа работа?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ќе земат друг кираџија. (Јаде) Што ме гледаш?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Твојот коментар во врска со идилата на Самоников и Јана?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Иследникот го остави тој лист настрана. Зеде друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тие кредити можат да се сервисираат само под услов да се земат други кредити, а тоа можеше да мине само затоа што како првобитен капитал беше прифатена една вештачка вредност, па тоа овозможи однапред да се задолжиме така што беа прифатени хипотеките на кредитите за коишто требаше да гарантира првобитниот капитал.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Половината уште некако и би можел да ги најде; можеби, дури и малку повеќе; но од каде да ја земе другата половина...?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така, значи, половината ја имаше в раце; но каде да ја земе другата половина?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да не ги откриеше случајно заборавените знамиња, сигурно настаните ќе земеа друг тек.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не зеде друга облека, оти Татко ја уверуваше дека, на другиот брег од Езерото, бргу ќе најдат сè што им треба.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но фамилијата нејзина не се согласуваше да ја даде за мене, и таа зеде друг, а јас друга.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)