Над главите ни летаат јата птици. Сѐ е испреплашено, збудалено, не си ја знае главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ех, бре братче! Ние не си ја знаеме главата, а ти уште тераш шега.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тоа го знам, а од она што го знам главата прска на шавовите, станува тесна за епската тага и Хамлетовската загубеност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги знам главите, не ги гледам капите. Ништо арно јас не очекувам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)