ЉУБА: А јас би сакала многу да го знам крајот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сите имаме моќ на илузионисти, магионичари, енергија сами да го креираме животот, имаме бои црвени, жолти, зелени, сини, со милиони нијанси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Погледот не си го знае крајот. Светлина насекаде, отсекаде. Не одам никаде, останувам. Пролет.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Па, помислувам дека не ни сакам да го знам крајот, некако е прерано за сè.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Би било добро да го знам почетокот, коренот, темелите кога веќе неможам да го знам крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Единственствен, едноставен, незаборавен, незаменлив, формален, кога и каде и да посака, нејасен за никого и ништо, посакуван само кога ни треба, не му се знае крајот, а и не ни треба кога имаме сè кога и да посакаме.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Првиот удар го означуваше патот по кој трга и на кој не му се знае крајот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)