Мајка му седнуваше до него, ја ставаше својата рака врз раката на Хајнрих, и му зборуваше нешто со таква топлина и смиреност по кои не можеше да се препознае дека ја знае состојбата на својот син.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во тие мигови кои ги минуваше со синот во очите на таа жена имаше чудесна живост, и во старечките усни кои говореа, и во движењата на онаа рака која не почиваше на раката на синот, туку нежно и весело мафташе во воздухот, следејќи ја интонацијата на зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)