И кој знае низ колку патишта, непрегледно долги и далечни ќе изминеме се додека не се вратиме во нашите домови кои можеби ќе бидат обраснати со шипје...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Кој знае низ каков кошмар минала и низ каков уште ќе минува, - се сложи Саво.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Му реков на Тодор: "Сега кога чувствувам дека го губам Бојан, како да ми бега низ прсти, сега кога ми е толку тешко на душата, можам да помислам низ што сè ти помина и како ти било кога почина Мина" Тој ми одговори: "Само јас знам низ што сè поминав".
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се почувствував глупаво, како цел свет да знае низ што поминувам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)