Нормално е медиумите да ја пренесуваат ексрлозивната ситуација во регионот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа за нас му беше прво на даскалот и до Василица ние веќе знаевме доста букви, а го знаевме и Оченашето и неколку песнички.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И да, знам доста приказни за чаршијата, во Безистенов во кој седиме, на пример, се продавало платно, а еснафчиите во стаклени тегли по аглите чувале исушени цветови и гореле цимет и лимунова кора за да создадат фина, пријатна мирисна атмосфера. 80 Margina #22 [1995] | okno.mk Еснафот е рбет на таа, па да ја наречеме граѓанска култура, трговија, толеранција, почит кон другиот...
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој знае доста за тоа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Без многу претерување може да се рече дека повеќемина Французи веруваат дека знаат доста за Македонија поради единствениот факт што една од нивните салати го носи нејзиното име, и оваа, македонска салата, великодушно ја пренесуваат преку нивните граници за да се прошири нејзиното значење дури до Јадранското и Црното Море.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)