Го бев прочитал целиот Жид, а Аморалист сигурно прерано ме упати кон Ниче, кого, без сомневање, тогаш го разбрав многу лошо.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа книга ја знаев напамет.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Го знаев напамет ходникот и мајсторот за варосување кој влечкаше дебела скала.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Легендата за Луда Река Милан ја знаеше напамет.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој ги знае напамет телефонските броеви на кои одговараат луѓето, кои имаат булдожери, талпи, валјаци, дробилки, камиони, и работат со нив.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дури и кога по многу силна кавга стануваш со стиснати заби, а ликот во огледалото ти подзаличува на крвожедна ѕверка подготвена за борба до смрт, со облог, имаш судии, порота и „запамтувач“, кој не запишува, ама од прераскажување низ маало со пет кафиња, од повторување, кавгата ја знае напамет, како стихотворба во петто, секоја реплика и реплика на репликата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не само што сум ја прочитал, туку ја знам напамет.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Сите ги знае напамет, да ги пее, одлично умее да ги имитира, а што албуми има излепено со нивни сликички и со текстови за нивните настапи и нивниот живот, чудо едно!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За тие што му се најомилени знае во детали сè за нивниот живот и не може да се случи да не оди на концерт на таква музика, или да пропушти емисија на телевизија со нив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сиот текст го знае напамет и многу интересно ги имитира артистите. Но, тоа не е сѐ.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таа се движеше повеќе потамина, како месечар, бидејќи местата, патиштата и патеките одамна ги знаеше напамет.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)