знае (гл.) - ништо (прил.)

Му кажуваа дека е тука и Добра, сестрата на Пелагија, со малечката, мајката на Ангелина, Тина Гледачката, која сѐ уште е избегана малку... оти видела цела чета глувци како излегуваат од нивната бишка, а за Ангелина, велеа, не знаеме ништо, само се надеваа дека и таа ќе приправи, што ќе прави ваму сама, телото се исушува како слива и после оти саде коска ја фрлаат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Тие од војнава не знаат ништо“, светнаа јадрите заби, „Кои тие?“ праша тогаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ЕВТО: Рајна?! РАЈНА: Не знаев ништо. МИХАЈЛО: Го внесовме однадвор.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се разврте кметот околу прозорецот, запуфка со лулето шумно и неспокојно, а потоа пак му пријде: - Добро, да речеме дека за тоа не знаеш ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За него не знам ништо, а сакам да знам. Што бил тој? Каков бил? Што работел? Имал ли семејство? Имал ли пријатели?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Денес, мила моја, може да се остане жив единствено ако не се праша, ако не се знае ништо, ако не се има очи и мисла за ништо од сево ова што станува околу нас. Обиди се да ми поверуваш...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)