Всушност, никому не му се брзаше, знаејќи дека тоа значи крај на вечерта, крај на близината на другиот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Хелвиг почувствува потреба да ја удри. И тоа ќе значеше крај.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната љубов, нивниот заеднички живот...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А тоа Јован Акиноски вака го објаснил: Крушата значи живот, зашто крушата има облик на земја, то ест зашто земјава не е тркалезна ни рамна, како што учат едни или како што учат други, туку има облик на грлеста круша, па кога ќе падне крушата на земја, значи крај на животот, значи изедначување на животот на земјата - од земја јеси и земја се сторуваш.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)