Горда одбираше од маслинките, како да зоба грозд, туркајќи ги кон него оние што ѝ се чинеа помали, макар што сите горе - долу беа еднакви; а Грдан си налеваше во чашката само до половина, но секогаш кога ќе погледнеше му се чинеше дека е празна, како да истекуваше од дното.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)