Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски добро знаеше дека влегуваа во Татковата приоритетна зона на знаењето и затоа го остави Татко да продолжи: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата држава, го учат само својот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се укажува и на балканското национал- лингвистичко слепило, кое не гледа дека: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата Држава, го учат само нивниот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)