Децата си играа брканица наоколу, петкамца и прво-второ, исто како и рисјанчињата, со фрлање на белузлавата плочка по исцртаната земја.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама во време на одморите бевме заедно во училишниот двор. Најчесто игравме брканица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сигурно клинците пред зградата играа брканица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се слушаа само детски гласови.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Демневме затскриени: немаше човек ниту зад зградата ниту на некој прозорец.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тогаш учевме одвоено по одделенија - само девојчиња и само машки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)