Во централниот дел на паркот имаше една голема коцкеста површина со песок каде што си играа дечињата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Играат дечињата околу неа Таа чита за Ороско* како го забодува својот крст - со удари на секира.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)