игра (гл.) - фудбал (имн.)

И како вистински поранешен центарфор на „Македонија“ мајсторски ја шутнува топката што се дотркала до нас од група дечиња кои играат фудбал. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Две момчиња, внуците на Алберт, играат фудбал (светското првенство е во тек, Бекам и другите победуваат, Бразил сè уште не е на ред) на малиот тревник пред влезот на куќата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во завршената сцена на „Гладијатор“, римските легионери, собрани околу мртвото тело на Максимус (кој сепак успеа да одржи импресивен претсмртен говор за правата на поединецот), хорски почнуваат да ја пеат американската химна; камерата во гор-план ги фаќа поединечно нивните лица, благородни и решителни како на членовите на шампионската рагби екипа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не, не се играше фудбал. На овој ден се дешаваше најголемиот соцреалистички спектакл СЛЕТ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Партнерите можат да танцуваат, да си подаваат раце или дури да играат фудбал.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така би можеле парализираните деца да играат фудбал со своите врсници.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Немаше веќе што да се прави, па престанавме да одиме таму и почнавме да играме фудбал на ливадата со машките или пак да си играме ластик или народна на улица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа едно утро мајка ми ме прати да купам леб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)