Мрморењето се повтори, потрети, и кога Крсте ги фрли очите во посока од каде што идеше гласот, уште малку што не падна од магарето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А кога се собраа по стотина души на секое крило, разбраа дека обрачот е скинат и дека бегаат комитите низ тој процеп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море, тие арно му се примолкнале, ете, на Прилеп, туку ние како ќе се јавиме утре пред нив, ќе ни црвее образот, — се јави еден од Петревите четници којшто не можеше да си објасни зошто војводите без никаква жртва ја напуштија борбата со витолишкиот аскер.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потерниот обрач се запали. Секој војник почна да стрела во правецот откаде идеа гласовите и грмежот на бомбите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Откон Селечка, луѓе, од Селечка иде гласот, — радосно извикна Пешковчето, обрнувајќи го своето лево уше право на запад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Одам и штутам од кај ми иде гласот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се утарам и барам од кај ми иде гласот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Михајлоооо! — Ама, некој по тебе вика, му велам и станувам, одам кај што ми иде гласот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кај ми плаче Иван, си велам, од кај ми иде гласот на детето, се прашувам, и одам со сликата в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Може сами да ни тргнаа нозете. „Да не ми платно згазите“, ми идат гласовите на Струма Количовска и Воскресија Мукаетова.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)