Времето допрва може да покаже дека биле во право.
Имам добри преседани за таков убав светоглед.
Се прашувале луѓето, на пример, дали Невидливиот човек од Ралф Елисон, Друга земја од Џејмс Болдвин или Да се убие птицата подбивница ќе им станат неразбирливи или безначајни ако дојде време кога во американското општество расата веќе нема да биде општествено обележана (претседателствувањето на Барак Обама, за волја на вистината, во мигов ја прави таквата можност понезамислива отколку замислива).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Можеби иде денот кога некои поповолни општествени услови ќе им ги оправдаат тврдењата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, можеби предвидувањата не им биле погрешни, туку само преуранети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ти се продаде шо се продаде на Србите, но внимавај на поведението оти иде денот на расплата. Ѓуро.“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А тогаш кога конечно ќе се победи хомофобијата, кога ќе биде нешто од минатото, кога ќе надмогне геј-ослободувањето, кога геј-луѓето ќе се здобијат со еднакви права, општествена признаеност и прифатеност, кога сите сосема ќе се интегрираме во стрејт-општеството, кога разликата меѓу хомосексуалноста и хетеросексуалноста воопшто нема да има поголема општествена важност од важноста што сега го имаат леворакоста и десноракоста – кога ќе стане сето тоа, дали тоа ќе биде крајот на геј-културата, односно на геј-поткултурата, каква што ја знаеме?
Токму тоа, навистина, го тврдеа Даниел Харис и Андру Саливан.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Им ги спорев тврдењата дека машката геј-култура, односно поткултура, е нешто од минатото, дека е надмината и застарена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)