И потери по нас да идат низ гори, и пред нас да трпнат душманите клети; но надежта наша пак чудо ќе стори, во срцето наше ко сонце ќе свети.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
И за кусо време од метлата останува само коренот, само рачката. Целата е испокршена, подгризана. Сѐ е - оди иди низ куќата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И глас некој оддалеку ми иде низ градините како пискот по изгубено добиче како лелек по загубено дете како драга што доаѓа да помине по предели и спомени.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Во тоа време ете кај иделе низ море две ламји за да ги јадат штрковите; едно се приближале, и штрковите летнале пак вишно небо.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)