Дури и такви дека Јован не бил чист Акиноски, туку копиле некое нивно, од Јанкула, кој по убиството на Тројкршките бегови заедно со Дамчкеските, со Божина Дамчески Штркот и Костадина Капиданот, избега некаде во Европа и уште еднаш жив не се врати во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Би избегал некаде само да не ја слушам. А да знае?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Стојан, кој го удираше постојано железото за пајдос, сега беше избеган некаде долу меѓу купиштата тули.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Поинаку не можев да те заштитам - и повеќе не издржа; се расплака на глас, го фрли ножот, истрча во тремот, извика таму Да не видам огледало во куќава и преку дворот избега некаде во полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Постојано мислеше да избега некаде, да го остави но како што одминуваше времето, така бегањето го одлагаше привикнувајќи се на куќата и на него како кученце врзано.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во миг сакаше да прекине со сѐ. Сакаше да избега некаде далеку.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но од сите гласови за Јована Акиноски, најмногу се задржа, и сè уште е жив, оној дека куферот, при бегањето, покрај со тевтерите му бил наполнет и со златото Акиноско, а тогаш, во тие опачни и скудни времиња, властите беа во постојана и силна потера по злато.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)