Не, воопшто не ја избегнувам темата, господин судија; јас само сакам да ви кажам дека дента, кога се јави (четврток беше), рече дека уште утредента ќе биде тука; рече дека многу го поздравува Земанек (воопшто не знаеше, или се преправаше дека не знае дека Земанек веќе не живее со мене и Здењичка); како да стоеше во времето, како за него сѐ уште да беше оној ден кога јас и Земанек го испративме во циркусот, со саксофонот на рамо.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)