8. Треба да потенцираме дека со ЗРО (2005), во доменот на засновањето работен однос, беа избришани две важни одредби: • прво, повеќе ги нема одредбите со кои се пропишуваше кој работоводен орган ја носи одлуката за потребата од засновање работен однос, како и онаа за изборот од пријавените или упатените кандидати (чл. 12-13, ЗРО/03 – Пречистен текст); • второ, веќе не се предвидува заверка на договорот за работа (по ново, „договор за вработување“), од страна на Заводот за вработување (чл. 19, ЗРО/03 – Пречистен текст) – па, дури, ни во случаите на најнетранспаретното т.н. непосредно обезбедување работник, од страна на самиот работодавец (по ново „работодавач“) – чл. 22, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2. Во поглед, пак, на работната книшка, со донесувањето на ЗРО (1993) се избришаа две мошне добри одредби: прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)