Избриша солзи и погледна на кај подигнатата рака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Фимка избриша солзи со крајчето од црната шамија и во тој миг на нејзиното лице Циљка забележа одвај видлива ведрина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Откако си ги избриша солзите од очите, ненадејно почувствува дека е гладен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веднаш ги избришав солзите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Рози си ја избриша солзата со зглобот од раката, онака како што прават децата, и потоа со детска наивност таа нагласи, „Тогаш ние ќе се ослободиме од неа.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Токму Петар на Јован му ги фрли в лице писанијата во кои овој верно запиша дека Учителот со својата воскресната појава ѝ ги избришал солзите на Магдалена, та ја пратил да им каже и на другите оти вистина воскреснал и оти не треба да очајуваат во срцата свои.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Билјана не рече ништо. Се доближи до детенцето, извади од џеб шамивче, му ги избриша солзите, ги избриша и под носето, го фати за раче и праша: - Како се викаш, мило?
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Нека ги избрише солзите. И нека верува“, порача ибн Пајко скоро развеселено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Некои ќе се расплачат и немаат време да си ги избришат солзите, што се вели, зркнале во мене и гледаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа веднаш ги избриша солзите. Да не ја види некој познат. ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Многумина геј-мажи денес може да имаат слични реакции.
И навистина, сведоци сме на цела низа такви реакции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Имаше опипливо чувство на гнев уште во приговорот на Џон од Анаполис против мојот предмет: не, тврдел, геј- мажите не се модни зналци, не се ни познавачи на дизајнот, како што некои би сакале да мислиме, а не се ни мераклии да се облекуваат како жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Видовме слични примери на самоодбрана и оградување кај Дејвид Даниелс и кај Ентони Томасини, а да не зборувам за Д. А. Милеровиот фрапиран предмет на љубовта, кој набрзина си ги избришал солзите што ги сронил поради „Некоја чудесна вечер“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зоки Поки ги избриша солзите и му се фрли во прегратка на стрико си.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ама тука си е милата учителка - да утеши, да избрише солзи и мрсулаво носе - и така ми стори, и ме убеди дека тоа можело секому да му се случи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се доближи до детенцето, извади од џеб шамивче, му ги избриша солзите, ги избриша и под носето, го фати за раче и праша: - Како се викаш, мило?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Маса Ќулумоска кажуваше дека сама ѝ ги избришала солзите на Богородица од иконата во камарчето. Ја одврзала шамијата од глава и ѝ ги избришала солзите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)